İdris Okuducu
20 Јули 2019•Ажурирај: 22 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак соопшти дека е фатен терористот Мазлум Даг кој го изврши нападот врз вработените на турскиот Конзулат во Ербил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Полициската дирекција во Ербил, безбедносните сили го фатиле Мазлум Даг, чиј идентитет беше објавен пред два дена во врска со нападот во Ербил.
- Фатен уште еден осомничен за нападот во Ербил
Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак соопшти дека е фатен е уште еден осомничен кој му помогнал на Мазлум Даг кој е главен сторител, во извршување на нападот врз вработените на турскиот Конзулат во Ербил.
„Фатен е Мухамед кој е познат по кодното име „Диџвар Маменд Јусуф“, кој му помогнал на Мазлум Даг, главен сторител на терористичкиот напад извршен врз ресторанот во Ербил“, се вели во соопштението на Полициската дирекција во Ербил.
Во соопштението не се дадени детални информации во врска со операцијата. Продолжуваат операциите за фаќање на другите три лица кои имаат поврзаност со нападот.
Инаку, во вооружениот напад изведен во средата во ресторан во Ербил, Ирак, загинааа дипломат во Конзулатот на Република Турција и двајца државјани на Ирак.