Mesut Zeyrek
20 Јули 2019•Ажурирај: 22 Јули 2019
КЕЛН (АА) - Три лица смртно настрадаа при срушувањето на мал авион во подрачјето на Брухзал, кое се наоѓа во близина на германскиот град Карлсруе, пренесува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случила во 13:00 часот по локално време, а авионот од француско производство паднал во дворот на една продавница во близина на аеродромот во Брухзал, при што животот го загубија три лица кои се наоѓале во авионот.
Според вестите на локалните медиуми, можело да дојде до поголема катастрофа ако авионот паднел врз оваа продавница.
Полицијата започна истрага во врска со случајот.