Michael Gabriel Hernandez
11 Септември 2025•Ажурирај: 11 Септември 2025
ВАШИНГТОН (АА) - ФБИ денес објави две фотографии на „лице од интерес“ во врска со убиството на американскиот десничарски коментатор Чарли Кирк, апелирајќи до јавноста за помош во идентификувањето на лицето, известува Анадолу.
Фотографии со слаба резолуција покажуваат маж на студентска возраст што носи црна маичка, фармерки, бејзбол капа и црни очила за сонце.
Кирк (31) беше смртно застрелан во среда попладне додека се обраќал пред група студенти на Универзитетот „Долина Јута“ во Орем. Убиството е извршено и покрај присуството на безбедносните сили, меѓу кои и шест универзитетски полицајци и приватниот тим на Кирк.
Снимките објавени на интернет го снимиле моментот кога куршум го погодил Кирк додека зборувал, што предизвикало панично бегање на студентите. Кирк бил итно пренесен во болница каде што по неколку часа бил прогласен за мртов.