свет

ФБИ: Русија вклучена во активности на дезинформирање во врска со американските избори

Во рамките на кампањата за дезинформирање руските актери објавиле статија во која се тврди дека американските власти „оркестрирале план за измама“ на изборите

Irmak Akcan  | 05.11.2024 - Обновена : 05.11.2024
ФБИ: Русија вклучена во активности на дезинформирање во врска со американските избори

ВАШИНГТОН (АА) - Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и Американската агенција за кибернетска и инфраструктурна безбедност (ЦИСА) објавија дека Русија започнала два нови обида за дезинформирање за претседателските избори, меѓу кои и напис и лажно интервју, јавува Анадолу.

Во рамките на кампањата за дезинформирање руските актери објавиле статија во која се тврди дека американските власти „оркестрирале план за измама“ на изборите и слика што лажно прикажува интервју со лице што говори за „изборна измама“ во сојузната држава Аризона, се вели во заедничката изјава на ФБИ и ЦИСА.

Во изјавата се тврди дека актерите поврзани со Русија „креирале снимки и лажни написи за да го поткопаат легитимитетот на изборите, да влеат страв кај гласачите во врска со изборниот процес и да доведат до тоа граѓаните на САД да користат насилство едни против други поради своите политички преференции“.

Се наведува дека овие активности на Русија „носат ризик на провокација“ и дека активностите се осмислени за „да ја разнишаат довербата во изборниот процес“ и да создадат раздор меѓу американските гласачи.

Во соопштението се предупредува на можноста Русија да објави слична содржина на денот на изборите.

Дополнително се наведува дека Иран останува „значајна закана за странско влијание врз изборите во САД“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.