свет

Израелската армија уби 10 Палестинци во воздушен напад врз дом во Беит Лахија, северна Газа

Очевидци рекоа дека голем број луѓе сѐ уште се водат како исчезнати и дека може да бидат под урнатините

Ahmed Asmar  | 05.11.2024 - Обновена : 05.11.2024
Израелската армија уби 10 Палестинци во воздушен напад врз дом во Беит Лахија, северна Газа

ГАЗА (АА) - Најмалку 10 Палестинци се убиени, а многумина се повредени во израелскиот воздушен напад синоќа врз дом во градот Беит Лахија, во северниот дел на Појасот Газа, соопштија извори, пренесува Анадолу.

Денес медицински извор изјави за Анадолу дека телата на 10 луѓе биле извадени од урнатините.

Очевидци рекоа дека голем број луѓе сѐ уште се водат како исчезнати и дека може да бидат под урнатините.

Израелската армија минатиот месец започна опсада на северниот дел на Газа, тврдејќи дека се обидува да го спречи регрупирањето на палестинската група на отпорот Хамас. Палестинците го обвинуваат Израел дека сака да ја окупира областа и насилно да ги исели нејзините жители.

Според палестинските здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 1.800 луѓе. Храната и другата помош се строго ограничени.

Израел продолжи со разорната офанзива врз Газа од нападите на Хамас на 7 октомври 2023 година, при што загинаа повеќе од 43.000 луѓе, а енклавата стана речиси несоодветна за живеење.

Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите дејства во блокираната енклава.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın