Esin Eşkinat Sayılgan
05 Октомври 2021•Ажурирај: 05 Октомври 2021
ЊУЈОРК
„Фејсбук“ утринава објави дека глобалниот прекин бил предизвикан од грешки во конфигурацијата на главните рутери и дека нема докази дека се нарушени податоците на корисниците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите инженерски тимови открија дека промените во конфигурацијата на 'рбетните рутери што го координираат сообраќајот на мрежата помеѓу нашите центри за податоци, предизвикале проблеми што ја прекинаа оваа комуникација“, рече Сантош Јанардан, потпретседател за инфраструктура на компанијата.
„Се извинуваме на сите засегнати и работиме да разбереме повеќе за она што се случи денес, за да продолжиме да ја правиме нашата инфраструктура поотпорна“, додаде Jанардан.
Вчера социјалните мрежи „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“ имаа глобален прекин во работата од речиси шест часа.