Associated Press
30 Март 2023•Ажурирај: 30 Март 2023
МАНИЛА (АА)
Десетици луѓе ги загубија животите како последица на пожар на траект на југот од Филипините, а на траектот се наоѓале 250 патници и членови на екипажот, јавува Анадолу.
Гувернерот на провинцијата Басилан, Џим Хатаман, изјави дека траектот се запалил додека пловел од јужниот пристаништен град Замбоанга кон градот Џоло.
Според него, како резултат на пожарот животот го загубиле 31 лице, а продолжуваат напорите за потрага и спасување на најмалку 7 исчезнати патници.
Истакнувајќи дека спасените патници скокнале од траектот кога пожарот ескалирал и биле извлечени од морето со помош на Крајбрежната стража, морнарицата и рибарите, Хатаман рече дека најмалку 23 патници се повредени и пренесени во болница.
Се наведува и дека истрагата за откривање на причината за избивање на пожарот е во тек.
Во декември 1987 година, траектот „Дона Паз“ под филипинско знаме потона откако се судри со цистерна со гориво. Несреќата, во која животот го загубија повеќе од 4.300 луѓе, е забележана како најтешката поморска катастрофа во мирнодопски услови.