Gamze Türkoğlu Oğuz
23 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
ЗАМБОАНГА (АА) - Бројот на загинатите во поплавите и свлечишта предизвикани од тропската бура која ги погоди Филипините, се искачи над 120 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на BBC (Би-Би-Си) претставниците за управување со катастрофи соопштија дека вкупно 126 лица го загубија својот живот, од кои 62 во Ланао дел Норте, 46 во Замбоанга дел Норте, и 18 во Ланао дел Сур.
Бурадата во петокот го погоди островот Минданао, а денес се очекува да пристигне во островот Палаван.
Во минатонеделната бура загинаа над 40 лица, и предизвика штета од 20 милиони долари во инфраструктурата и земјоделството.
Секоја година околу 20 пацифични циклони и бури ги погодуваат Филипините.