Yunus Türk
27 Јуни 2022•Ажурирај: 28 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - ЈУНУС ТУРК -
Финскиот министер за развојна соработка и надворешна трговија Виле Скинари, истакнa дека Финска планира да произведува повеќе во Туркије (Турција) и дека сака да основа заеднички претпријатија.
„Сакаме да создадеме можности за вработувања за двете земји и да растеме заедно“, порача Скинари во разговорот со Агенција Анадолија (АА), нагласувајќи дека реализирале многу важна посета на Туркије, и дека посетата ја оствариле со повеќе од 20 водечки фински компании од различни сектори.
Скинари рече дека во Туркије има големи и успешни градежни компании и дека Финска има иновации и технологија на ова поле, и дека Туркије и Финска можат да реализираат заеднички проекти во овој регион и на трети пазари.
Потсетувајќи дека Туркије и Финска имаат силни и добри односи, Скинари рече: „Туркије е водечка земја во текстилната индустрија. Финска има големи иновации на ова поле. На долг рок Туркије и Финска можат да направат многу заеднички вложувања на трети пазари.“
Укажувајќи на постоењето кружна економија во инвестициите и новите деловни модели, Скинари додаде: „Старите производствени модели прават големи трошоци. Тоа може да се избегне со новите производствени модели. Не мора да одиме во далечна Азија за производство со стари производствени модели. Туркије може да го реализира тоа со нови производствени модели и иновации.“
- „Финска планира да произведува повеќе во Туркије и сака да основа заеднички вложувања“ -
Скинари нагласи дека Туркије е центар во регионот во однос на синџирот на снабдување и производството.
Тој истакна дека поддршката на логистичките синџири со дигитални платформи и комбинирањето на поморскиот транспорт и возовите ќе придонесе за заштита на природата, а ќе се заштедат повеќе време и пари.
Според него, Финска продолжува со својата напорна работа на 5G и претстојната 6G-технологија.
„Ја лансиравме нашата нова 5G-лабораторија со ‘Нокиа‘ во Истанбул. Ова е одлично партнерство. Зошто е одлично? Бидејќи ќе има стартапи, а младите ќе учествуваат и ќе ги спроведат иновациите потребни во различни индустриски области“, рече тој.
Скинари нагласи дека Финска планира да произведува повеќе во Туркије и дека сака да основа заеднички претпријатија.
„Сакаме да создадеме можности за вработувања за двете земји и да растеме заедно. Одржавме разговори во Туркије во полињата како што се комуникациите, економијата, трговијата и многу други“, додаде финскиот министер.