Aida Cako
07 Октомври 2025•Ажурирај: 08 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Во Мадрид денес фоторепортерите се собраа пред зградата на шпанскиот Парламент за да протестираат поради израелските напади врз Газа, јавува Анадолу.
Носејќи панцири и шлемови, новинарите лежеа во тишина, држејќи ги своите камери како симбол на слободата на медиумите и ризиците со кои се соочуваат известувачите од воените подрачја.
Од почетокот на израелските напади врз Газа, во Шпанија се одржаа многу пропалестински протести и демонстрации, на кои се осудуваат геноцидните напади на Израел.
Од октомври 2023 година, израелската војска уби над 67.100 Палестинци во Газа, поголемиот дел жени и деца.
Немилосрдното бомбардирање ја направи енклавата речиси непогодна за живеење и доведе до масовно раселување, глад и ширење на болести.