Alma Dekovic
08 Март 2024•Ажурирај: 14 Март 2024
ГАЗА (АА) - Фоторепортерката на Анадолу, Доа Албаз, која се наоѓа во Рафах на јужниот дел на Појасот Газа, продолжува да ја извршува својата должност среде израелските напади за да му ги покаже на светот ужасите во палестинската енклава и страдањата на цивилите, јавува Анадолу.
Израелските напади врз Појасот Газа ги доведоа сите Палестинци, особено жените, во тешка ситуација во која секојдневно се борат за опстанок, истовремено грижејќи се и за членовите на своите семејства.
Со оглед на тоа дека низ светот се одбележува 8 Март - Меѓународниот ден на жената, палестинските жени почнуваат да работат во раните утрински часови за да ги обезбедат своите семејства со најосновните потреби и покрај тешкотиите што ги доживеале.
Израел, обвинет за геноцид, започна смртоносна офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври во кој загинаа околу 30.800, а беа ранети 72.298 Палестинци.
По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.
Меѓутоа, израелските напади врз Појасот Газа и понатаму продолжуваат со ненамален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.