Erbil Başay,Cüneyt Karadağ
13 Февруари 2022•Ажурирај: 16 Февруари 2022
БЕРЛИН
Актуелниот претседател на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, освојувајќи 1.045 од 1.425 важечки гласа во првиот круг избори нов мандат за шеф на државата, известува Агенција Анадолија (АА).
Во Германија денес се одржаа индиректни избори на кои Федералниот конгрес (Bundesversammlung) го бираше претседателот на земјата за наредните пет години, а фаворитот и актуелен шеф на државата Штајнмаер победи уште во првиот круг на гласањето, во кое му беше потребно апсолутно мнозинство.
Функцијата претседател на Германија е од репрезентативен и церемонијален карактер, а ја бираат членовите на Сојузниот парламент (Бундестаг) и делегатите именувани од покраинските собранија.
За разлика од претходните претседателски избори што се одржувани во салата на Бундестагот, овие избори поради епидемиолошките мерки се одржани во осумкатната зграда „Пол-Лобе-Хаус“, што се наоѓа веднаш покрај германскиот Парламент.
Претседателката на Бундестагот, Бербел Бас, пред гласањето истакна дека пандемијата на Ковид-19 наметнала поинаков начин на живот и дека денешните избори се организирани во согласност со епидемиолошките мерки.
Бас рече дека пандемијата предизвикала дополнителна поларизација на општеството и дека луѓето сè помалку им веруваат на државните институции.
Бас истакна дека изборите се одржуваат во ек на украинската криза која е на работ на ескалација, поради што германската Влада ги повикала своите граѓани да ја напуштат Украина.
„Ги користиме сите дипломатски средства да ја спречиме опасноста од избивање војна. Во војните сите губат“, нагласи Бас.
Од вкупно 1.472 именувани делегати денес гласаа 1.437, а избираа меѓу вкупно 5 кандидати, а очигледен фаворит беше актуелниот претседател Штајнмаер, кој ја има поддршката на најмоќните политички партии во Бундестагот, односно Социјалдемократите (SPD), Зелените, Слободните демократи (FDP) и Демохристијанската унија (CDU/CSU).
Штајнмаер е претседател на Германија од 2017 година, кога го замени Јоахим Гаук. Искусниот германски правник и политичар Штајнмаер е роден во 1956 година во Дермолд. Во владите на Социјалдемократската партија извршуваше важни функции, вклучувајќи ја и позицијата министер за надворешни работи. На јавноста ѝ е познат и по тоа дека во 2010 година, додека работел како судија, ѝ донирал бубрег на сопругата.
Помеѓу делегатите што денес го избраа германскиот претседател се и бројни познати личности делегирани од покраинските собранија. Меѓу нив се и поранешната канцеларка Ангела Меркел, основачот на компанијата „БајоНТех“, Озлем Туреџи, нобеловецот Бенџамин Лист, астронаутот Александар Герст, фудбалскиот селектор Ханси Флик, тренерот на Фрајбург, Кристијан Штрајх, фудбалерот на Баерн Минхен, Леон Горецка, пијанистот Игор Левит и поранешниот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер.