Aldijana Hadzic
13 Февруари 2022•Ажурирај: 16 Февруари 2022
ТОКИО
Четинарите прекриени со снег и лед, наречени „Снежни чудовишта“, ја красат планината Зао, во северниот дел на Јапонија, известува Агенција Анадолија (АА).
Овие „Снежни чудовишта“ или на јапонски „Juhyo“ се наоѓаат во префектурата Јамагата, во регионот Тохоку. Имено, ова подрачје во зимскиот период се наоѓа под влијание на сезонските ветришта што дуваат од Сибир и носат големо количество влага.
Ледот и ветерот помагаат во обликувањето на околниот предел, па дрвјата често потсетуваат на снежни чудовишта високи неколку метри.