Zülfiya Yakup
12 Март 2016•Ажурирај: 13 Март 2016
ПРИШТИНА (AA) - На зградата на Претседателството на Косово во текот на ноќта е фрлен молотов коктел. Немаше повредени лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Косово соопшти дека утрово околу 4:00 часот доби информација дека неколку маскирани лица фрлиле молотов коктел во правец на зградата на Претседателството на Косово.
"Лицата за кои се сомнева дека фрлиле молотов коктел избегаа во правец на улицата Агим Рамадани со бело возило. Се сомнева дека првин со камења ги разбиле стаклата на прозорецот и потоа се обиделе да фрлаат флаши со молотов коктел, што не успеаа бидејќи флашата го погоди sидот. На површината на sидот околу еден метар се гледа местото на разбивање на флашата каде дериватот се запалил", се наведува во соопштението.
Веднаш по добивање на информацијата, единиците на полицијата излегоа на местото на настанот но не успеаа да наидат на осумничените. Нема информација за повредените лица. Полицијата го извести обвинителството за овој случај, а до сега нема идентификувани или уапсени лица.