Eşref Fahri
30 Септември 2016•Ажурирај: 01 Октомври 2016
ПАРИЗ (АА) - Според информациите што се појавија во француските медиуми, Франција утрово извршила воздушни напади со 8 воени авиони „рафал“ на позициите на ДАЕШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
На почетокот од септември, францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“, со 24 авиони „рафал“ се упати во подрачјето.
По убиството на 12-те лица во Париз, во јануари 2015 година, во нападите на Шарли Ебдо, Франција им се придружи на коалициските сили во борбата против ДАЕШ во Ирак и во Сирија.
Коалициските сили соопштија дека во деновите што престојат, подготвуваат копнена операција со цел да го протераат ДАЕШ од Мосул.