Hajer M'tırı
29 Март 2017•Ажурирај: 29 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Претседателските избори во Франција денес зедоа нов тек, кога поранешенниот премиер од Социјалистичката партија Мануел Валс изјави дека ќе го поддржи независниот кандидат Емануел Макрон наместо кандидатот од неговата партија, Беноа Хамон, јавува Anadolu Agency (AA).
Валс изјави дека во првиот круг на гласање на 23. април ќе гласа за Mакрон.
Поранешниот француски премиер тврди дека тоа е единствениот начин да се блокира екстремно-десничарската кандидатка на Националниот фронт, Марин Ле Пен ( која во моментов е на второ место во анкетите за јавното мислење) од победа во вториот круг претседателски избори на 7 мај.
„Тоа беше избор на разумот“, изјави Валс за францускиот сервис БФМТВ.
„Нема да преземам никаков ризик; ќе гласам за Емануел Макрон“, додаде тој.
Говорејќи за Радио „Европа 1“, во исто време, Макрон му се заблагодари на Валс за поддршката, но инсистираше на потребата од „обновување на лицата“.
Анкетите покажуваат дека Макрон и Ле Пен напредуваат кон вториот круг што ќе се одржи на 7 мај, во којшто Макрон се предвидува да победи со околу 20 процентни поени.