Ekipa
05 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Шестмина патници, меѓу кои и деца, се повредени во вооружениот напад на автобус со чешки туристи во југоисточна Франција, соопштија локалните власти, пренесуваат Anadolu Agency (AA).
Главниот обвинител Алекс Перин, рече дека автобусот бил нападнат на автопатот во ноќта меѓу петокот и саботата при транспорт на туристи во Шпанија.
Шест патници, вклучувајќи и деца на училишна возраст, биле повредени од разлетаните парчиња стакло, а едно лице со сериозни повреди остана на лекување.
Сè уште не се уапсени осомничени лица ниту пак се изнесуваат шпекулации за мотивите за нападот.
„Би можело да се смета дека било кој друг автобус би можел да биде цел”, додаде Перин.