Rahmi Gündüz
05 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Во Париз престана опасноста од излевање на реката Сена, јавува Anadolu Agency (AA).
Поројниот дожд што паѓа низ целата земја во текот на неделата можеше да предизвика излевање на реката Сена. Постоеше можност нивото на водата да достигне до 6,5 метри, но утринава водостојот беше најнизок во последните седум дена и изнесуваше 5.77 метри.
Парижаните во петокот беа загрижени дека нивото на водата може да достигне 6,2 метри, но поради престанување на врнежите тоа не се случи. Ако нема нови дождови, нивото на водата во текот на неделата би можело да се врати на нормално ниво.
Министерството за животна средина и градската управа беа во состојба на готовност да организираат евакуација на западниот дел од градот доколку дојдеше до излевање.
Иако веќе не постои опасност од прелевање на реката, сообраќајот во градот не е нормализиран. Одредени метро станици се затворени, а донесена е забрана за користење на пловила ниту за туристички потреби, ниту пак за приватни цели.
Музејот д'Орсеј и Лувр кои се наоѓаат на брегот на реката и денес од превентивни мерки ќе бидат затворени.
Во своето вчерашно обраќање францускиот премиер Мануел Валс изјави дека во поплавите предизвикани од обилните дождови загинаа четири лица, а беа повредени 24.