Ekipa
05 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
ЛОЗАНА (АА) - Според првичните резултати, објавени од страна на државната телевизија SRF1, швајцарските граѓани на денешниот референдум масовно го отфрлија предлогот за воведување на безусловен основен приход за сите граѓани, пренесува Anadolu Agency (AA).
Конечните резултати од референдумот се очекуваат за вечерва, но според прелиминарната проекција 78 проценти од Швајците го отфрли предлогот со кој би се обезбедило сите државјани безусловно да имаат доволно средства за живот.
Референдумот во таа европска земја со околу осум милиони жители, се одржува откако група активисти собра 116.000 гласови со кои граѓаните бараат одржување референдум за ова прашање.
Според сегашните закони, швајцарската влада мора да прифати и да организира референдум за секое легитимно прашање за кое ќе изразат интерес најмалку 100.000 граѓани, преку своите потписи.
Поборниците тврдат дека основниот приход ќе ги реши безначајните маки и ќе им дозволи на луѓето да продолжат да работат на повеќе продуктивни и креативни цели во животот и ќе им помогне во борбата против сиромаштијата и нееднаквоста во светот, каде што е многу тешко да се најде добра работа и постојана заработувачка.
Критичарите на власта, пак, веруваат дека таквиот план го оштетиле државниот буџет и би поттикнале на неработење.
Иницијативата за безусловен основен приход предвидува воведување на месечни примања за сите Швајцарци и странци кои живеат во земјата над пет години, без оглед дали се вработени или не, а активистите кои стојат зад оваа иницијатива предлагаат на секое возрасно лице месечно да се исплаќа сума од 2.500 швајцарски франци ( околу 2.300 евра) и 650 франци за секое дете.