Yusuf Özcan
25 Јули 2017•Ажурирај: 26 Јули 2017
ПАРИЗ (АА) - Во повеќе подрачја во јужниот дел на Франција и на островот Корзика избувнаа пожари во коишто се повредени 19 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите во француските медиуми, во јужниот дел на Франција, во местата Воклиз, Приморски Алпи, Вар и на островот Корзика вчера избувнаа пожари, и сѐ уште траат напорите тие да бидат згаснати.
Во гаснењето на пожарите се ангажирани околу 1.000 лица и 19 авиони, од кои 10 се специјализирани за гаснење пожар.
- Од ЕУ се побарани два авиона за гаснење пожари
Медиумите информираат дека во пожарите се повредени 19 лица, од кои 15 полицајци и 4 пожарникари. Меиумите наведуваат дека Франција од ЕУ побара два авиона за гасење пожар.
Исто така ,се информира дека во пожарите изгорела површина од преку 3.000 хектари, особено во подрачјето на Вар, каде што силниот ветар ги измачи противпожарните екипи во ставањето на пожарот под контрола.
Вчера, поради пожарот во подрачјето на Вар, извесен период беше затворен автопатот во областа зафатена од пожарот. Истовремено беше извршена евакуација на локалното население во одредени подрачја.