Ömer Aydın
08 Септември 2017•Ажурирај: 09 Септември 2017
ПАРИЗ (АА) - Француската полиција приведе 60-годишна жителка на Париз, по што беше утврдено дека во стан од 25 квадрати чувала 130 мачки, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува француското радио „Europe1“, во мал стан од 25 квадратни метри, во квартот Монпарнас во главниот град на Франција биле пронајдени 130 мачки.
Еден од соседите во оваа улица ја повикал полицијата откако забележал дека од третиот кат на зградата било фрлено маче на улица.
По доаѓањето на адресата, полицијата утврдила дека во станот живее 60-годишна жена со вкупно 130 мачки. Од полицијата наведоа дека од станот се ширела непријатна миризба, по подот имало измет од мачки и немало никакви прехранбени намирници.
Во полицијата е утврдено дека се работи за лице со ментални проблеми, по што жената е згрижена на психијатрискиот оддел на болницата Света Ана.
Минатиот месец, во францускиот град Монтереј исто така беше откриена жена што одгледувала 70 мачки во стан од 50 квадрати.