Alaattin Doğru
28 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
ПАРИЗ (АА) - Во џамија во градот Вернон, Франција оставена е порака со смртна закана, со којашто цел се исламот и муслиманите и каде што е забележан раст на исламофобичните напади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението објавено на твитер-профилот на „Islam&Info“, во пораката оставена во поштенското сандаче на џамијата во градот Вернон, кој се наоѓа во северниот дел на земјата, биле напишани смртни закани и навреди кон Турците, Арапите и заедницата на џамијата.
„Започна војната, вас ќе ве отстраниме од нашата земја. Ќе дадете одговор за смртта на Самуел“, се вели во пораката, во која биле користени вулгарни изрази за покриените муслимански жени.
Инаку, пред извесно време џамијата во Пантин беше затворена за шест месеци, а како образложение за тоа била наведена објавата на социјалните мрежи на еден од управителите на џамијата.