свет

Франција: Заложничка драма во супермаркет во градот Треб

Полицијата започна операција откако вооружено лице земал заложници во еден супермаркет во градот Треб, во југозападниот дел на Франција.

Ömer Aydın  | 23.03.2018 - Обновена : 23.03.2018
Франција: Заложничка драма во супермаркет во градот Треб

Pariz

ПАРИЗ (АА) - Вооружено лице како заложници ги зема лицата што се наоѓаа во еден супермаркет во градот Треб во југозападниот дел на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за внатрешни работи на Франија соопшти дека во градот Треб едно вооружено лице во еден од супермаркети на синџирот „Супер У“ ги земал за заложници лицата кои се затекнале внатре.

Локалниот весник L'Independant информираше дека безбедносните сили продолжуваат со операцијата во супермаркетот во градот Треб, додавајќи дека во супермаркетот загинало едно лице.

Францускиот јавен информативен канал France Info објави вест базирана на информации од обвинителството, во која се вели дека вооруженото лице во супермаркетот, нападот го извел во име на терористичката организација ДЕАШ.

Од друга сграна, радио-станицата RTL објави дека од едно возило во подрачјето на Каркасон што се наоѓа во близина на градот Треб бил отворен оган врз полициско возило што стоело покрај патот, доавајќи дека во нападот се ранети двајца полицајци. Ранетите полицајци се префрлени во болница и се надвор од животна опасност.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.