Fatma Esma Arslan
05 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
ПАРИЗ (АА) – Француските органи изјавија дека сирискиот режим и руските напади врз Алепо се со сериозни размери, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Елисејската палата, по состанокот на Советот за безбедност во Франција, е наведено дека се разговарало за резултатите од сирискиот режим и за нападите на руските авиони врз Алепо.
Потенцирајќи ја сериозноста на ситуацијата во регионот, францускиот претседател Франсоа Оланд на состанокот дал наредба да се поддржат хуманитарните иницијативи што ќе се спроведуваат од Европа, стои во соопштението.
Од друга страна, нагласено е дека Оланд ќе ги следи дипломатските иницијативи на Советот за безбедност при ОН, за утврдување на одговорните за масакрот во регионот, со цел да се најде политичко решение.