Yusuf Özcan
18 Јули 2019•Ажурирај: 18 Јули 2019
ПАРИЗ (АА) - Франција остро го осуди нападот во ирачкиот град Ербил, во кој загина еден дипломат од турскиот Конзулат во Ербил, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Франција остро го осудува вчерашниот напад во Ербил“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Франција.
Во соопштението се нагласува дека Франција упатува сочувство до семејствата на турскиот дипломат, кој загина во нападот, и на другата жртва.
Според ова соопштение, Франција е во солидарност со Ирак и Турција.
Во вооружениот напад врз ресторан, во ирачкиот град Ербил, загина еден дипломат вработен во турскиот Конзулат во Ербил, како и еден државјанин на Ирак.