Sibel Uğurlu
23 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
ПАРИЗ (АА) - Пилотот кој управувал со авионот на компанијата "EgyptAir" на летот од Париз кон Каиро, побарал од египетските контролори на лет да му овозможат принудно слетување, неколку моменти пред падот во Средоземното Море, соопшти денес Француската служба за истрага на авионски несреќи (BEA), пренесува Anadolu Agency (AA).
Официјалното лице на БЕА во изјавата за француската М6 телевизија изјави дека пилотот Мухамед Саид Шокар се жалел на чад во пилотската кабина пред да побара принудно слетување.
Портпаролот на БЕА, Себастијан Барт, истакна дека преносните податоци од авионот откриле дека во кабината постоело пристуство на чад.
„Чадот, чија причина е сè уште непозната, би можел да биде индикатор за пожарот”, истакна Барт.
Во четвртокot авионот на "EgyptAir" со 66 патници и членови на екипажот на летот од Париз кон Каиро исчезна над источниот Медитеран, откако навлезе во египетскиот воздушен простор.
Во петокот, египетската државна телевизија објави дека војската пронашла остатоци од авионот. Подоцна, истиот ден дневниот весник „Ал-Ахрам” извести дека е лоцирана црна кутија во подрачјето меѓу три или четири наутички милји од местото на несреќата. Во саботата се појавија и првите фотографии од пронајдените остатоци на авионот.