Alaattin Doğru
21 Февруари 2023•Ажурирај: 22 Февруари 2023
АНКАРА (АА) - Во подрачјето на Ил-де Франс (каде спаѓаат францускиот главен град Париз и неговата околина составена од 8 депармани), прекинот на електричната енергија предизвика застој во железничкиот сообраќај, пренесува Анадолу.
Според соопштението на официјалната служба за управување со железници „SNCF“, дефект настанал во трафостаница која обезбедува струја за железничките линии во Бри на Марна.
Како резултат на немањето на електричната енергија, прекинат е железничкиот сообраќај на линијата „RER A“ помеѓу Венсен и Ноази ле Гран-Монт.
Поради прекинот на железничкиот сообраќај, активирани се дополнителни автобуски линии во овие зони.
Засега дефектот сѐ уште не е саниран.