AP
07 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
ПАРИЗ (АА) - Големите снежни врнежи предизвикаа големи проблеми во одвивањето на сообраќајот во северна Франција и во Париз, бидејќи временските услови, се чини, дека ги фатија неподготвени градските власти, јавува Anadolu Agency (AA).
Стотици луѓе ја поминаа ноќта заглавени во автомобилите или во импровизирани засолништа во близина на Париз, откако француските власти не успеаја навреме да ги исчистат патиштата.
Неколку летови од аеродромот во Париз беа откажани, додека од париската полиција ги повикаа возачите да ги остават автомобилите дома за да го избегнат големиот сообраќаен метеж.
Патниците што патуваа со париските метроа се соочија со долги патувања и полни вагони.
Во Велиз, мал град во предградието на Париз, околу 200 луѓе не успеаја да се вратат дома. Ноќта ја поминаа во трговскиот центар и спортската сала, додека околу 1.500 други лица спиеја во 46 привремени засолништа во Париз.
Од париските градски власти соопштија дека е направено сè со оглед на целата ситуација, а меѓу 2.500 и 3.000 луѓе беа мобилизирани за да помогнат во расчистување на патиштата.
Во 25-те француски региони, остана портокаловиот метеоаларм поради лошите временски услови и поледиците на улиците во средата изутрина.
Во неколку региони не се обраќаат училишните автобуси.