Onur Usta
21 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Продолжуваат протестите и штрајкот во Париз против новиот нацрт-закон за работни односи, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот за рециклирање на отпадоци во Париз е евакуиран.
Во соопштението на Синдикатот на работниците (CGT) се вели дека поради протестите и штрајкот кои продолжуваат да траат од 30-ти мај досега и формираните големи купишта отпад во градскиот Центар за рециклирање на отпадоци, безбедносните сили надвор од Центарот извлекле околу 100 работници.
Според информациите, полицијата ги остранила и камионите, кои го попречувале влегувањето на полицијата во Центарот за отпад.
Работниците, кои се членови на синдикатот, штрајкувале попречувајќи ја работата на Центарот за рециклирање на отпадоци и работеле многу бавно.
Според новиот закон кој е предмет на недоразбирањето меѓу владата и работниците, предвидува наместо досегашните 10 работни часа дневно, да се зголемат на 12 часа, вработените кои ќе посакаат да се направат измени во потпишаните договори, ќе бидат избркани од работа, на лицата кои се ангажирани со половина работно време ќе им се намали минималното работно време кое досега изнесуваше 24 работни часа неделно, помалку ќе се плаќа и прекувремената работа.
Синдикатите и работните организации бараат Владата да го отстрани спорниот закон, во спротивно истакнаа дека нема да се повлечат.