Yusuf Özcan
08 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
ПАРИЗ (АА) - Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“, поради сомнение дека дел од посадата е заразен со коронавирусот, ќе се врати во земјата на 23 април, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, Министерството за одбрана наведува дека поради постоење на сомнение за заразување со новиот вид коронавирус изолирани се околу 40 членови на екипажот на бродот, кој се наоѓа во Атлантскиот Океан.
Се наведува дека бродот ќе пристигне во пристаништето Тулон на 23 април, порано од планираното.