Zehra Ulucak
08 Јуни 2018•Ажурирај: 09 Јуни 2018
ХОНОЛУЛУ (АА) - Над шестотини куќи се целосно уништени како резултат на лавата исфрлена од вулканот Килауеа кој се наоѓа во американската сојузна држава Хаваи, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Општина Хаваи, Хари Ким, во изјава за медиумите во подрачјето на Хило, истакна дека лавата исфрлена од вулканот Килауеа кој стана активен минатиот месец, предизвика целосно уништување на над 600 куќи во крајбрежни подрачја.
Гувернерот на Хаваи, Дејвид Иге, истакна дека донирале 12 милиони долари во ова подрачје за интервенција против катастрофата.
Иге рече дека полицијата, пожарникарската служба и тимовите на цивилната одбрана веќе 40 дена продолжуваат со работите.