Sinan Doğan
21 Декември 2021•Ажурирај: 22 Декември 2021
БОГОТА
Бројот на луѓе кои ги загубија животите од експлозијата на цистерна со гориво во градот Кап-Хаитиен на северот на Хаити се искачи на 90, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во локалните медиуми, од последиците предизвикани од експлозијата на цистерна со гориво што се случи на 14 декември, зголемен е бројот на лица кои ги загубиле животите.
Претставниците на власта информираа дека уште 15 повредени од експлозијата им подлегнале на раните, со што вкупниот број на загинати се зголеми на 90. Продолжува болничкото лекување на тешко повредените лица кои се во критична здравствена состојба.
Од друга страна, во вестите се нагласува дека 700.000 луѓе имаат потреба од итна хуманитарна помош поради блокадата и безбедносните проблеми настанати поради вооружените групи, додавајќи во земјата има и сериозна криза со гориво.
Ариел Хенри, премиерот на Хаити, прогласи тридневна жалост во земјата поради трагедијата.