ТУНИС (АА) – Во Либија, земја богата со подземни ресурси, сѐ уште не е постигната стабилност, иако поминаа 6 години од востанието на народот коешто започна во февруари 2011 година. Тогаш од власт беше симнат Муамер Гадафи, кој ја водеше државата 42 години.
Познато е дека во Либија, каде што живеат повеќе од 6 милиони луѓе, на околу 2,4 милиони лица им е потребна хуманитарна помош. Во оваа држава владее хаос, а моментално се појавуваат три посебни владини раководства. Економските ресурси на државата се исто така поделени.

- „Три раководствa по средбите во Сухејрат
По средбите со Сухејрат, кои се одржаа со посредство од Обединетите нации (ОН), во Либија произлегоа три посебни раководства. На овие средби беше усвоен легитимитетот на претседателството на Мухамед Сувејхли со државниот Врховен совет, лидерството на Фајиз ес-Сераџ со Владата за национално помирување во Триполи, како и претседателството на Акиле Салих на Претставничкиот дом, чиј центар се наоѓа во Тобрук.
Исто така, на Владата за национално ослободување под лидерство на калифот Гувејл, со своите врски со Високиот државен совет се обидува да има право на глас во раководството на Триполи. Во последните неколку дена, покажувањето моќ на една вооружена група под името Национални конзервативци во Триполи, која е поврзана со Гувејл, наиде на критики во либиските медиуми.
- Кој кого поддржува во државата
По падот на Гадафи во Либија, за време на оружената борба се појавија повеќе вооружени групи.
Организацијата позната по името „Фекр-и Либија“, којашто го поддржува Националниот генерален конгрес во Триполи, ги води вооружените групи коишто произлегоа од 23 различни групи. Се дознава дека заедно со оваа организација, вкупно 11 вооружени групи ја поддржуваат владата во Триполи. Наспроти ова, во Тобрук, вооружените групи ги предводи пензионираниот генерал, калиф Хафтер, кој е поддржан од Претставничкиот дом.
Тој е познат по неуспешниот обид за државен удар под името „Операција за честа“. Воените сили коишто се приврзаници на генерал Хафтер продолжуваат со своите активности под изговор за борба против тероризмот во државата.
За владата на Тобрук, која е позиционирана во источниот дел на државата, а нејзино воено крило се сметаат силите на Хафтер, се тврди дека е поддржана од страна на Египет, Обединетите Арапски Емирати и од Јордан. Додека Јордан и Франција отворено ги поддржуваат силите на Хафтер, Египет и Обединетите Арапски Емирати досега не дадоа официјална поддршка.
Внимание привлече изјавата на францускиот претседател Франсоа Оланд од 20. јули 2016 година, кога тој рече дека Франција има позиционирано војска во Либија во разузнавачки цели.
Дотогаш Франција ги негираше тврдењата дека воено поддржува каква било група во Либија, но откако во медиумите излегоа информации за убиените тројца француски војници, кои учествуваа во „Операцијата за чест“ на Хафтер, Франција беше принудена да признае.
Русија во Либија е во блиски односи со Хафтер, кој се бори против вооружените сили на Владата во Тобрук и веќе две години е во оружена борба против раководството на Триполи.
Хафтер минатата година двапати ја посети Русија. Генерал Хафтер последен пат, на 11. јануари го посети рускиот воен брод закотвен на отворено во Либија, а оствари и видеоконференциска средба со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Руските власти го поддржуваат Хафтер, прифаќајќи го за еден од највлијателните лица во Либија.
Владата за национално единство, формирана од Сераџ, а поддржана од ОН, продолжува да постои во државата како најподдржувана влада на меѓународно ниво. И покрај ова, неуспехот на обидите за обединување на страните во државата од страна на Владата за национално единство, секојдневно се продлабочува.
- Поделени економските ресурси на државата
По започнувањето со работа на Владата за национално единство, под претседателство на Сараџ и по доаѓањето во Триполи, Централната банка на Либија и нафтената компанија во Либија објавија приврзаност кон оваа влада.
Во Либија има две централни банки, од кои едната врши активности во рамките на Владата за национално единство во Триполи, а другата во рамките на Претставничкиот дом во градот Бејда. Силите приврзаници на Хафтер, пак, во свои раце држат некои нафтени рафинерии во источниот дел од државата.
- Економски колапс
Економијата во Либија од ден на ден се влошува, поради хаосот што се случува во државата предизвикан од раководствата.
Специјалниот претставник на ОН за Либија, Мартин Коблер предупреди дека економската ситуација во државата забрзано се влошува. Коблер изјави дека приходите од 280 милијарди долари на Централната банка во Либија во периодот 2011 – 2015 година се паднати на 60 милијарди долари. Тој смета дека е можно оваа бројка да достигне до нула, и оти ѝ се заканува опасност на либиската економија.
„Во државата богата со нафта, во која живеат 6 милиони луѓе, 2,4 милиони лица имаат потреба од хуманитарна помош, а 1,3 милиони имаат потреба од помош со храна“, вели Коблер, привлекувајќи го вниманието на трагичната ситуација.
- Како дојде до овој процес
Арапската пролет, која започна на 14. јануари 2011 година во Тунис, по напуштањето на државата од страна на соборениот лидер Зејнел Абидин Бин Али, започна да влијае и на државите во регионот. Овој процес се забрза со народниот бунт во Египет на 25. јануари и со соборувањето на Хусни Мубарак од власт.
Пламенот на Арапската пролет, по Египет ја зафати и Либија. Во Либија, најпрво на 7. февруари 2011 година започнаа „мировни“ протести против претседателот Муамер Гадафи. Овие мирни протести подоцна преминаа во друга фаза, откако раководството на Гадафи употреби „прекумерна сила“ против бунтовниците.
Мирните демонстрации преминаа во оружена борба откако некои од безбедносните сили им се придружија на мирните протести, поради употребата на тешко вооружување против демонстрантите.
Од меѓународниот состанок во Париз, на 19 март, доаѓаа изјави за меѓународна интервенција врз Либија заради заштита на цивилите, а истиот ден, француските авиони почнаа да ги бомбардираат силите на Гадафи.
Откако почнаа нападите, Гадафи се повлече во своето родно место Сирт. На 20. октомври беа објавени снимки на кои се гледа дека Гадафи бил заробен и убиен во Сирт од силите на Триполи.
На 23. февруари беше формиран привремен Национален совет, кој започна со раководството во Триполи. На 7. јули 2012, за првпат во државата се одржаа парламентарни избори. По овие избори, привремениот Национален совет му го предаде местото на Националниот генерален конгрес. Меѓу обврските на Конгресот кој дојде на власт за да формира влада беше и организирањето референдум, со кој ќе се одобри подготовката на новиот Устав.
По средбите во мароканскиот град Сухејрат, му се стави крај на раководството на Националниот генерален конгрес, кој беше заменет со Врховниот државен совет.
news_share_descriptionsubscription_contact
