свет

Харис го повика Израел да преземе повеќе чекори за да обезбеди проток на хуманитарна помош во Газа

- „Цивилите треба да бидат заштитени и да се обезбеди пристап до основните ресурси како храна, вода и медицински материјали“, истакна американската потпретседателка Камала Харис

Zehra Nur Çelik  | 14.10.2024 - Обновена : 15.10.2024
Харис го повика Израел да преземе повеќе чекори за да обезбеди проток на хуманитарна помош во Газа

АНКАРА (АА) - Американската потпретседателка Камала Харис денес го повика Израел да преземе повеќе чекори за да обезбеди проток на хуманитарна помош во Газа, јавува Анадолу.

„ОН известуваат дека речиси две недели во северна Газа не е доставена храна. Израел мора итно да стори повеќе за да го олесни протокот на помош за оние на кои им е потребна“, рече Харис на X.

„Цивилите треба да бидат заштитени и да се обезбеди пристап до основните ресурси како храна, вода и медицински материјали“, истакна Харис.

„Меѓународното хуманитарно право мора да се почитува“, додаде таа.

Изјавата на Харис следуваше по предупредувањето на Светската програма за храна на ОН (WFP) дека ескалацијата на насилството во северниот дел на Газа има „катастрофално“ влијание врз безбедноста на храната за илјадници палестински семејства.

„Главните премини на север се затворени и од 1 октомври не е доставена помош во храна“, се вели во соопштението на Светската програма за храна на ОН (WFP).

„Пунктовите за дистрибуција на храна, како и кујните и пекарниците во Северна Газа, беа принудени да се затворат поради воздушните напади, воените копнени операции и наредбите за евакуација“, истакна Светската програма за храна на ОН (WFP).

Израел продолжи со бруталната офанзива врз Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 42.200 луѓе, главно жени и деца, а над 98.400 се повредени.

Израелските напади го раселија речиси целото население на Појасот Газа поради тековната блокада што доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите постапки во Газа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın