Abdullah Aşıran
30 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
ХАГ (АА) - Поранешниот началник на Генералштабот на ХВО осуден од Хашкиот трибунал, Слободан Праљак, испил смртоносна хемиска супстанција, потврдено е од страна на холандското обвинителство, јавува Anadolu Agency (AA).
Праљак почина во болница во Хаг, откако во хашката судница испи отров кога Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) ја потврди казната од 20 години затвор за воени злосторства.
Портпаролот на Холандското обвинителство, Винсент Винман, за АА изјави дека е откриено оти во шишенцето имало смртоносна хемиска супстанција. Сепак, според него, нема точни информации за составот на ова материја. Винман истакна дека истрагата за овој случај продолжува.
Тој додаде дека во најкусо време ќе се изврши и обдукција и токсиколошко истражување за причината за смртта на Праљак.
Жалбениот совет во средата во Хаг ја изрече жалбената пресуда во случајот Прлиќ. Откако Жалбениот совет ја потврди првостепената казна од 20 години затвор, тој извика: „Слободан Праљак не е воен злосторник и со презир ја отфрлам вашата пресуда“, и ја испи содржината од шишенцето, по што рочиштето беше прекинато.
Жалбениот совет на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) ги потврди казните од првостепената пресуда од 2013 година за Јадранко Прлиќ, Бруно Стојиќ, Слободан Праљак, Миливој Петковиќ, Валентин Чориќ и Берислав Пусиќ, кои се прогласени за виновни за злосторства против муслиманско бошњачко население во Хрватската Република Херцег-Босна и се осудени на вкупно 111 години затвор.
Судењето започна на 26 април 2006 година, а завршните зборови беа изнесени од 7 февруари до 2 март 2011 година.