Ekip
31 Август 2019•Ажурирај: 01 Септември 2019
ХОНГКОНГ (АА) - Демонстрантите насобрани пред зградата на Владата на Хонгконг се повлекоа пред полициските сили, на кои им пристигна засилување за да го расчистат подрачјето, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата претходно денес користеше солзавец и водени топови во обид да ги оддалечи демонстрантите од зградата во која се наоѓа седиштето на Владата. Двете страни беа раздвоени со големи барикади поставени за да им го блокираат пристапот на демонстрантите до зградата.
Судирите продолжија некое време, но демонстрантите започнаа да се повлекуваат кога засилените полициски сили тргнаа кон нив. Неколку демонстранти останаа, повремено фрлајќи Молотови коктели на полицијата, која подготвена чекаше наредба да тргне напред.
Откако се повлекоа, демонстрантите направија барикади и запалија оган од другата страна на улицата во која се наоѓа зградата на Владата.
Властите во текот на неделата го отфрлија барањето за одржување марш по повод одбележувањето на петтата годишнина од одлуката на кинеската владејачка Комунистичка партија насочена против потполно демократските избори во Хонгконг.