Sinan Doğan
02 Јануари 2021•Ажурирај: 05 Јануари 2021
БОГОТА
Турската хуманитарна фондација ИХХ обезбеди помош од храна за семејствата кои се погодени од ураганите Ета и Иота кои ги погодија Колумбија и Гватемала, јавува Агенција Анадолија (АА) -
Во соработка на ИЈЈ и Националната комисија за катастрофи на Гватемала (CONRED), беа доделени пакети со помош од храна и производи за хигиена за околу 480 семејства кои живеат во засолништа во градовите Алта Верапез, Петен, Хухехутеананго, Запака и Чикуимула во земјата.
Исто така, доставени се пакети со помош од храна и производи за хигиена за 650 семејства на колумбискиот остров San Andres кој беше тешко погоден од ураганот lota.
Претставниците на ИХХ соопштија дека од оваа помош корист имале и вкупно 5.700 лица од семејствата кои имаат деца со физичко или ментално попречување во двете земји.
Над 220 лица загинаа како резултат на поплавите и свлечишта предизвикани од ураганите Ета и Иота кои во ноември минатата година ги погодија Колумбија, Гватемала, Ел Салвадор, Хондурас, Панама и Никарагва.