Fatma Bülbül
28 Октомври 2016•Ажурирај: 29 Октомври 2016
ПАРИЗ (АА) - Најмалку 90 мигранти кои одбија да го напуштат таканаречениот камп „џунгла” во Кале, северна Франција, се притворени пред нивното депортирање, се вели од француската невладина организација денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Од организацијата „ЦИМАДЕ“ се вели дека 90 мигранти се пренесени во притворните центри пред да бидат вратени во своите земји, за 45 дена. Мигрантите се лица од Судан, Авганистан, Сирија, Еритреја и од Ирак, се додава во соопштението од организацијата.
Според француското Министерство за внатрешни работи, речиси 5.600 мигранти го напуштија кампот досега.
Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, вети дека кампот којшто стана дом на илјадници мигранти, ќе биде затворен до крајот на 2016 година.
Барателите за азил кои го напуштија кампот на почетокот од оваа недела, по завршувањето на процедурата за регистрирање, беа испратени со автобус во центрите за азил во Франција.