Haydar Hadi
12 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
БАГДАД (АА) - Ирачкиот министер за одбрана, Калид ал-Убејди, изјави дека цивилите заробени на средиштето на судирите остануваат најголемиот проблем на ирачките сили во операцијата за ослободување на Фалуџа од терористите ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Цивилите заробени во подрачјето на судирите е најголемата пречка со која се соочуваат ирачките сили во операцијата за ослободување на Фалуџа и тоа е главната причина што не успеаа да влезат во сите делови на градот. Наша примарна цел е да ги заштитиме цивилите”, рече Убејд на прес-конференцијата што се одржа во Тикрит.
Истакнувајќи дека ирачките сили наскоро ќе започнат операции и за ослободување на северните делови на Тикрит и јужниот дел на Мосул, Убејди рече дека ирачките единици веќе се опремени и подготвени за отворање нови фронтови во борбата против терористичката организација ДАЕШ.
Паралелно со тоа, шефот на заедничките полициски сили, Шакир Џавад, за АА рече дека ирачките сили од сите страни ја опколиле Фалуџа и дека секој час очекуваат навлегување во самиот центар на градот.
Обединетите елитни единици на ирачките сили на 23-ти мај ја започнаа операцијата за ослободување на Фалуџа, која од летото 2014 година е под контрола на ДАЕШ.
Пред почетокот на акцијата отворени се коридори за евакуација на цивилите од градот, но терористите ги минираа патиштата и ги спречија поголемиот дел од граѓаните да ја напуштат областа.