Büşra Akın Dinçer
12 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во телевизиско интервју денес рече дека ја поддржува Велика Британија во одлуката за излегување од Европската унија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Оваа влада, владата на Камерон, повторно ја користи Европската унија за политичко затскривање на своите одлуки”, истакна Асанж во денешното Пестон шоу на ITV.
„На пример, Европскиот налог за апсење, мислиме дека овде во Велика Британија имате право на фер судење кое вклучува докази, судии и обвиненија, но во мојот случај нема ништо од претходното”, истакна тој.
Четириесетгодишниот Австралиец се засолни амбасадата на Екватор во Лондон на 19-ти јуни 2012 година во обид да избегне екстрадиција во Шведска. Еквадор му обезбеди на Асанж политички азил во 2012 година и покрај притисокот од Британија.
Асанж беше пуштен со кауција кога побара азил во амбасадата на Еквадор во Лондон откако не му беше прифатено барањето во Врховниот суд на Велика Британија против неговата екстрадиција во Шведска, каде што беше иницирана правна постапка против него во врска со наводите за сексуална злоупотреба. Но, тој формално не беше осуден.
Во 2015 година шведските обвинители ги отфрлија двете обвиненија за сексуален напад против Асанж, но обвинението за силување остана.