Fuat Kabakcı
09 Август 2019•Ажурирај: 10 Август 2019
ПЕКИНГ
Кинеските власти издадоа црвено предупредување за источниот дел на земјата поради доаѓањето на супертајфунот Лекима, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на кинескиот Метеоролошки центар, се очекува тајфунот во сабота, на 10 август, да ја зафати кинеската провинција Џеѓанг и делтата на реката Јангце, како и градот Шангај.
Станува збор за најголемиот тајфун во изминатите 5 години, а тоа ќе биде 9-ти што оваа година ќе ја погоди оваа земја. Се очекува тајфунот да се движи со брзина од 209 километри на час.
Во пристаништето во Шангај не пловат бродови, а сообраќајот е запрен и во Џеѓанг. Од едно туристичко место се евакуирани 200 туристи.