Tuğrul Çam
16 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
АНКАРА (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, коментирајќи ја одлуката Турција да упати дипломатска нота до Соединетите Американски Држави (САД) во врска со иранско-турскиот бизнисмен Реза Зараб, истакна дека вчера примиле одговор и од Стејт Департментот во врска со овој случај, јавува Anadolu Agency (AA).
„Вчера повторно упативме дипломатска нота во врска со овој случај. Наведено е дека и претходно е упатена дипломатска нота, но дека не стигнал никаков одговор за тоа прашање. Сепак, вчера сепак во нашите амбасади стаса одговор од Министерството за правда и Стејт Департментот. Кажано е дека неговата здравствена состојба е добра и дека нема никакви проблеми. Тоа е резимето од целиот овој случај", рече Чавушоглу.
Тој потсети дека ова било втора дипломатска нота упатена до САД во врска со иранско-турскиот бизнисмен.
Турција наводно првата дипломатска нота ја упатила пред 3-4 дена, но на неа не добила никаков одговор од американските власти.
Потсетуваме, Турција вчера упати дипломатска нота до САД во врска со иранско-турскиот бизнисмен Реза Зараб, трговец со злато, кој моментално се наоѓа во притвор во Менхетен и чека на судење.
Зараб е уапсен на 21 март минатата година во САД поради обвиненија за измама како и за злоупотреба на американско финансискиот систем со кој наводно извршил трансакции вредни стотици милиони долари во име на иранската влада и компании, а кои се под санкции на САД.
Исто така, споменатиот бизнисмен претходно во 2013 година бил предмет на истрага во Турција. Осомничен е дека илегално продавал злато на Иран преку Турција, што резултирало со апсење. Сепак, целиот случај во 2014 година е отфрлен.