Sibel Morrow
06 Февруари 2020•Ажурирај: 07 Февруари 2020
АНКАРА (AA) - Руската делегација би требало да ја посети Турција по нападот на сирискиот режим на турските трупи во Идлиб, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на посетата на Баку, главниот град на Азербејџан, Чавушоглу во разговор со новинарите рече дека очекува посета на делегација од Русија.
Истакна дека лидерите на Турција и Русија исто така ќе се состанат доколку има потреба од таков состанок.
Очекуваната посета на руската делегација доаѓа по нападот во понеделникот во Идлиб, на северозападот на Сирија, во кој загинаа седум турски шехиди и еден цивил, кој работел во турската Војска.
Турција и Русија во септември 2018 година се договорија Идлиб да го претворат во зона на деескалација, во која актите на агресија се забранети. Меѓутоа, силите на режимот на Асад и нивните сојузници ги кршеа условите на примирјето, изведувајќи чести напади во рамките на зоната, при што од склучувањето на договорот се убиени најмалку 1.300 цивили.