Mehmet Şah Yılmaz
06 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, денес патува во дводневна официјална посета на Франција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството за надворешни работи на Турција потврдија дека Чавушоглу, на повик на францускиот колега Жан-Ив ле Дриан, ќе престојува во Франција на 6 и 7 јуни.
Во соопштението се наведува дека Чавушоглу во текот на состанокот со францускиот колега ќе разговараат за билатералните односи и односите на Турција и ЕУ.