Zuhal Demirci
28 Февруари 2021•Ажурирај: 01 Март 2021
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу упати порака по повод 24 години од процесот во оваа земја познат како „28 февруари", јавува Агенција Анадолија (АА).
Процесот „28. февруари" во турската политичка историја запишан е како постмодерен воен удар".
„Процесот „28. февруари" беше отворен удар на нашата демократија. Сите воени удари насочени против волјата на народот се осудени на пораз. Да живее демократијата!", напиша Чавушоглу во пораката објавена на социјалната мрежа Твитер.
Процесот „28 февруари“ почна откако Советот за национална безбедност на Турција на 28 февруари 1997 година донесе низа одлуки кои неретко се нарекуваат и постмодерен воен удар врз Владата на тогашниот премиер на Турција, Неџметин Ербакан, и тогашната шефица на турската дипломатија Тансу Чилер.
Меморандумот на воениот врв на Турција усвоен во 1997 година резултираше со вмешување на војската во извршната власт и колапс на Владата на чие чело беше тогашниот премиер Ербакан.