Nazlı Yüzbaşıoğlu
23 Октомври 2019•Ажурирај: 23 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извори од Министерството за надворешни работи, во телефонскиот разговор американскиот министер за надворешни работи, Помпео, истакнал дека американските воени власти писмено ги информирале турските воени власти и потврдиле дека терористите на ЈПГ/ПКК се повлекле од областа на операцијата „Извор на мирот“.