Merve Berker
12 Февруари 2022•Ажурирај: 13 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - САД распоредија четири разурнавачи од својата морнаричка флота како поддршка на НАТО-сојузниците во подрачјето на операцијата на 6. флота, по ескалацијата на тензиите меѓу Украина и Русија, објави американската морнарица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Разурнувачите на американската морнарица „УСС Саливанс“ (USS The Sullivans (DDG 68)), „УСС Гонзалес“ (USS Gonzalez (DDG 66)), „УСС Доналд Кук“ (USS Donald Cook (DDG 75)) и „УСС Митшер“ ((USS Mitscher (DDG 57)) делуваат на европската сцена на операцијата“, рече портпаролот на американската морнарица, Арло Абрахамсон.
Тој додаде дека ќе учествуваат во низа поморски активности во поддршката на американската 6. флота и сојузниците во НАТО.
Од морнарицата е нагласено дека распоредувањето не е одговор на какви било акции или очекувана акција од Русија.
Абрахамсон наведе дека нивна цел е „да пружат дополнителна флексибилност на 6. флота“.