Atila Altuntaş
13 Октомври 2017•Ажурирај: 14 Октомври 2017
СТОКХЛОМ (AA) - Четири лица беа повредени во вооружениот напад во шведскиот град Трелеборг, јавува Anadolu Agency (AA).
Вооруженото лице отвори оган во град во јужниот дел на Шведска, а полицискиот портпарол Фредрик Брат потврди дека четворица се ранети.
Тој не даде информации за степенот на повредата. Брат истакна дека областа во која се случил нападот бил под полициска контрола, а дека е покрената голема акција за апсење на лице или лица кои го извршиле нападот.