Ömer Aydın
12 Октомври 2017•Ажурирај: 13 Октомври 2017
СТРАЗБУР (АА) - Ганире Пашајева, членката на делегацијата на Азербејџан, во нејзиниот говор на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), истакна дека некои политичари во Европа направиле пропаганда против муслиманите со изговор на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
На Генералното есенско собание на ПССЕ кое продолжува во Стразбург, се одржа сесија посветена на следењето на злосторствата извршени против човештвото од страна на ДЕАШ, и неговото казнување поради овие кривични дела.
Пратеничката на Азербајџан, Пашајева, која одржа говор на сесијата во име на Групата на слободни демократи (ФДГ), рече дека ДЕАШ е меѓународна терористичка организација.
„Во оваа организација има луѓе од различни националности и религии. Затоа не треба да им се даде можност на оние кои ја гледаат ДЕАШ дека е сочинета само од муслимани, и на оние кои имаат за цел да создадат негативно мислење против муслиманите. Се спротивставувам на апелите на некои политичари во Европа против исламот и против муслиманите со изговор на тоа што го прави ДЕАШ“, додаде таа.
Истакнувајќи дека тоа што го прави ДЕАШ, нема врска со исламот. Пашајева рече дека пред извесно време ги посетила сириските бегалци во Турција, во областите во близина на границата со Ирак и Сирија. Таа додаде дека овие луѓе очекуваат повеќе поддршка и интерес од страна на европските земји.
Пашајева вели дека ДЕАШ најмногу нанесува штета на народот во регионот и на муслиманите.
„Растот на анти-исламските идеи во Европа не сите нас не вознемирува, и треба заедно заедно да вложиме напор", истакна таа.
Пашајева рече дека бегалците дојдени од Ирак и Сирија истакнале дека најголема поддршка во борбата против ДЕАШ, и во врска со бегалците, добиле од Турција.
„Затоа упатуваме благодарност до Турција во име на сите бегалци. Ирачките Туркмени кои бегале од суровоста на ДЕАШ, бегалците дојдени од регионите Бајирбуџак и Туркмендаги во Сирија сакаат малтретирањата на кои се изложени тие, да бидат збаележани од страна на Европејците“ додаде Пашајева.