Atila Altuntaş
27 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Владата на Шведска подготви нацрт-закон со кој се предвидува дозвола за престој во земјата за околу 9.000 млади бегалци од Авганистан, под услов тие да го продолжат своето школување, јавува Anadolu Agency (AA).
Шведската државна телевизија SVT (СВТ) објави дека за време на бегалската криза во 2015 година, во оваа земја пристигнале 20.000 мигранти без придружба. Државата им даде азил на 11.000 од нив, што беа на возраст под 18 години, додека останатите 9.000, што имаа 18 или повеќе години, не добија азил.
Владата на Шведска одлучи да им помогне и на останатите млади мигранти од Авганистан, за што подготви нацрт-закон со кој 9.000 млади Авганистанци добиваат дозвола за престој, под услов да го продолжат своето образование.
Претседателката на Либералната партија, Ени Лоуф, изјави дека нејзината партија го поддржува нацрт-законот, и дека ќе го поддржи и за време на гласањето во Парламентот.
Меѓутоа, нејзината изјава за поддршка на овој нацрт-закон наиде на реакции од расистичките и екстремните десничарски кругови.
Така, на социјалните мрежи се појави фотомонтажа на фотографија од Лоуф со шамија на главата, а под неа беше напишано: „Повеќето од 9.000 Авганистанци се насилници и убијци. Шведски народе, разбуди се.“
На ваквите тврдења остро реагираше заменик-премиерот и министер за образование на Шведска, Густав Фридолин.
„Заканите упатени кон Лоуф многу ме разочаа. Што и да биде, Лоуф е личност која многу добро ја знаете сите. Со човечки став таа го избира потешкиот пат во шведската политика. Пораките на омраза што доаѓаат од мрачните страници на интернет, ги споделува и буржоазијата“, рече Фридолин.